| четврток, 6 декември 2018 |

Утре во Крушево ќе биде одбележан роденденот на нашиот ангел Тоше Проески

Со голема почит и пригодна програма утре Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и балканска поп ѕвезда.

На 25 јануари Тоше Проески требаше да наполни 37 години.

Локалните власти со управата на спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и со крушевското средно училиште „Наум Наумовски Борче“ на утре во спомен куќата „Тодор Проески“ организира музичка манифестација. Претходно на Гумење ќе биде посетен неговиот гроб.

Во Крушево веќе пристигнуваат фановите од Македонија и од Балканот да го одбележат роденденот на Тоше убедени дека големата македонска и балканска музичка ѕвезда вечно преку песните и во спомените ќе живее и во Македонија и на овие балкански простори.

Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше: Јас сум давеник во море

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top