Меѓународната воена коалиција, предводена од САД, која се бори против џихадистичката група Исламска држава (ИД), соопшти дека убила 150 нејзини борци во бомбардирањето на долината на Еуфрат во Сирија.
Според информациите, воздушниот напад бил извршен во саботата во близина на Ал Чафаха, на источниот брег на реката Еуфрат, во провинцијата Деир Езор.
Цели на нападот биле командни центри на џихадистите, бидејќи коалицијата регистрирала зголемување на бројот на исламистички борци.
„Прецизното бомбардирање беше само завршница на темелна разузнавачка подготовка која потврди дека во командниот центар се наоѓале исклучуво припадници на Исламска држава“, соопшти коалицијата, изразувајќи задоволство дека при нападот не била регистрирана ниту една цивилна жртва.
Ултрарадикалната организација која изгуби поголем дел од територијата што ја контролираше во Сирија, задржа само некои помали области, особено по текот на реката Еуфрат.
Арапско-курдските сојузници на Вашингтон – „Сириските демократски сили“ (FDS) и помогнале на коалицијата во текот на бомбардирањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!