| четврток, 6 декември 2018 |

Протести против доаѓањето на Трамп во Давос

Пеотивниците на капитализмот организираа протести во повеќе градови во Швајцарија во знак на протест против доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Давос. Левичарите организираа протести под мотото „Трамп не е добредојден“, пренесе Ројтерс. Трамп би требало во рамки на форумот во Давос да има говор во петок.

Швајцарскиот скијачки центар Давос во наредните три дена е збирно место за илјада најважни и најбогати луѓе во светот, а за нивната безбедност се грижат припадници на полицијата, војската и најелитната безбедносна служба во светот, додека на врвите од планината ќе бидат позиционирани снајперисти. Најважните луѓе на форумот ќе ги обезбедува и нивната полиција.

Околу 5.000 војници го контролираа комплетниот простор околу објектот во кој ќе се одржува форумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top