| четврток, 6 декември 2018 |

Камион удрил во 75-годишен пешак во Неготино

Товарно возило удрило во седумдесет и пет годишен пешак вчера во Неготино, возрасниот маж бил повреден и по укажаната помош во Здравствен дом Неготино, бил упатен на домашно лекување. Ова го соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

– Несреќата се случила околу 12 часот на улицата Јане Сандански, тогаш возилото марка „ситроен нено“ со неготински регистарски ознаки, удрило во пешакот додека се движело наназад – информираше Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица од општа надлежност Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top