| четврток, 6 декември 2018 |

Нов клинички и нова студентска стипендија од 6000 денари – заклучоци од владината седница

Владата на својата 50-та седница, искажана определба дека изградбата на нов клинички центар е еден од најважните приоритети во оваа година, и дека се очекува конечната одлука за најдобрите опции за изградба на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ да биде донесена наскоро.

Покрај тоа на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, усвоена е информацијата за воведување нова стипендија за студенти за наставен кадар за основно образование уште од првата година на студиите во висина од 6000 денари.

Покрај оваа мерка за унапредување на квалитетот на наставните кадри во основното образование, владата денеска на предлог на МОН Владата ја усвои Програмите за ученичкиот и студентскиот стандард за 2018 година, и Програмата за научно-истражувачката дејност за оваа година, како и програмите за изградба и реконструкција на средни и основни училишта.

Министерството за образование и наука пред членовите на владата достави Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование. Предлогот за измени на законот се однесува на можноста за брза корекција на утврдените грешки во учебниците, како и на можноста на конкурсите за учебници освен домашните автори да учествуваат и издавачите кои ќе имаат можност предлагаат адаптирани учебници од странство доколку тие ги исполнуваат критериумите на МОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top