| четврток, 6 декември 2018 |

Џомба искрено: Кога се кршеше резултатот имав доста грешки…

Еден од трагичарите во нашата селекција дефинитивно беше и Гоце Георгиевски. Десното крило немаше своја напаѓачка вечер, што го призна и по шокантниот пораз од Чешка.

„На вакви мечеви, кога натпреварот се решава во последните пет-десет минути, ни треба многу поголема концентрација. Едноставмо не знаев што правам самиот со себе. Можеби требаше да побарам некоја измена. и одмор. Но можеби желбата беше поголема од мене. и тоа се покажа како погрешно, што го направив тоа. Но што е тука е, Сите сме виновни, кога губи екипата, тогаш губиме сите. Кога се кршеше резултатот имав доста грешки. Ние дадовме максимум за да не се почувствува неиграњето на Кире. И кога одеше се во најдобар ред, беше убаво. Но кога се случи тој пад во играта мислам дека тие голови од капитенот ќе ни значеа доста.

Но ете, реков, што е тука е. ни останува уште еден натпревар. Можеби требаше сами да си ја завршиме работата со победа на овој и да видиме што ќе се случи утре со Данска. Тоа е меч за повисок пласман. Ќе одиме на победа, уште еднаш да го дадеме својот максимум. И ако дојдеме до таа победа да играме за петото место”- оцени Гоце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top