Поразот на Македонија од Чешка (24-25) ќе се објаснува и анализира уште долго, но првите импресии на играчите, по натпреварот се опишуваат со еден збор – разочарување.
Филип Лазаров рече дека со Чешка знаевме како, имавме победи против неа и ни лежеше оваа селекција, но кога требаше – застанавме.
„Имавме денеска хемија за победа. Така изгледаше, се функционираше до 45. минута, на крај снемавме идеја, сила, Борко застана, сите застанавме одеднаш, немаше некој расположен играч да преземе во последните десет минути, да ни олесни. Два гола ни требаа за победа, но тоа е, нема бегање од ова“, рече Лазаров.
Тој имаше многу мала минутажа на натпреварот, ниту пет минути и не успеа да упати ни еден шут кон голот.
Извор: Спорт1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


