За да не заостане во дигиталната доба, Католичка црква во Франција инсталираше терминал за плаќање на милостина со картичка од своите лојални парохијани. Ова дигитално надоградување е воведено во црквата Свети Францоис де Молитор во Париз.
Побожните католици сега ќе можат едноставно да ја искористат својата картичка на еден од петте терминали кои кружат во текот на мисата во традиционална плетена кошница, претходно користена за собирање на црковните милостини.
Давателите на милостина имаат можност да дадат сума на пари која варира од 2 до 5 евра, иако Црквата негира дека најдобро е да се плати во кеш.
„Црквата се залага за давање на поддршка на сите во новите начини на живот и потрошувачка“, изјавиле преку соопштение од Парохиската епархија.
„Дематеријализацијата на средства со плаќање исто така е дел од предизвиците со кои Црквата мора да се соочи. Било преку кошничките за милостина, или преку бесконтактно плаќање или преку смартфон апликација“, се дополнува во соопштението.
Извор: www.usb.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст