| четврток, 6 декември 2018 |

Итна седница на Синодот на Грчката црква за разговорите за името

Светиот синод на Грчката црква свикал вонредна седница за грчко-македонските разговори за името, јавува „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори. Седницата ја свикал архиепископот Јеронимос и на неа ќе се разговара за неделниот протест во Солун против употребата на терминот „Македонија“ во предлозите за решавање на спорот.

Солунскиот владика Антимос го повикал Синодот да го преиспита ставот за разговорите по неделниот протест, изјавувајќи дека Црквата не треба никогаш да се согласи со сложено име во кое ќе го има зборот Македонија.

Минатата недела архиепископот Јеронимос изјави дека се согласува со одлуката на Синодот да се спротивстави на решение со зборот Македонија, но не го поддржа протестот во Солун и побара од Грците да бидат „внимателни и обединети“ во однос на актуелните дипломатски потези.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top