| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја откажа средбата со Ципрас, заминува со Фалангата

Светските обложувачници преку премиерот Зоран Заев местат натпревари на Европското првенство во ракомет кое се одржува во Хрватска.

Како што дознава „Република“, неколку познати букмејкери го пратиле Заев да присуствува на натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија за да носи малер и на тоа заработиле многу пари.

– 13 милиони евра биле уплатени од светските кладилници против Македонија на натпреварот со Шпанија, а едно евро уплатил и Вицето. Многу пари се заработени на овој малер. Претходно Заев бил однесен кај видовитата Марина во Србија која проценила дека доколку тој присуствува на натпреварот, Македонија убедливо ќе губи. Марина направила и посебна црна магија со прамен од косата на Заев за да се повреди најдобриот македонски репрезентативец Кире Лазаров – открива нашиот извор, кој сака да остане анонимен за да не му биде наштетено од обложувачниците и видовитата Марина.

Негативната енергија која од трибините во Вараждин, Заев ја упатил директно кон македонските репрезентативци, го погодила и министерот за одбрана на македонската репрезентација, Борко Ристовски, кој исто така потфрли на натпреварот.

Изворот додава дека чудните гримаси на лицето на Заев се резултат на црната магија која му била фрлена, а кои според според експертската јавност, многу наликуваат на гримасите на Мињоните од филмот „Подлиот јас“.

Според последните информации кои ги доби „Република“, богатите сопственици на обложувачниците сакаат го извлечат Заев и од економскиот самит во Давос за да присуствува на натпреварот со Словенија, но не се знае дали овој пат ќе фати црната магија.

-Можно е и да не отиде на натпреварот, затоа што на видовитата Марина ѝ рекол да направи магија за Чехословачка, а Македонија вечерва игра со Чешка. Така што има голема веројатност магијата да не фати, вели нашиот извор.

Луди Чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top