| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемена стапката на сиромаштија: Македонските граѓани едвај врзуваат крај со крај

Стапката на сиромаштија се зголемила 0.4 процентни поени за една година и достигнала 21.9% на крајот на 2016-та. Оттука секој петти или 453 илјади Македонци се сиромашни!
Прагот на сиромаштија е приходи од 6.880 денари за самечки домаќинства и 14.488 денари за четиричлени семејства.

Владата да СДСМ ветуваше пред изборите дека ќе ја намали стапката на сиромаштија но со зголемените давачки и зголемените даноци ситуацијата само се вложува. Имено,граѓаните моментално мораат да одвојуваат повеќе пари за горива а со покачување на нафтата и со ефектот на спиралата додатно се покачуваат цените на сите производи кои ја сочинуваат основната потрошувачка кошница. Ова значи дека секој граѓанин ќе треба да издвојува повеќе пари за намирниците кои до сега биле дел од неговата основнапотрошувачка кошничка. Со ова населението полека но сигурно осиромашува односно сиромашните стануваат уште посиромашни. Според експертите покачувањето на цените на производите е сега минимално но сепак се чувствува додека многу посилно ќе биде почувствувано кон крајот на 2018 година кога реално ќе се почуствува ефектот од мерката за покачување на акцизата која ја донесе новата влада. Инаку, цените на бензините во Македонија за само 2 недели пораснаа за 10 отсто откако од 1 јануари стапи во сила зголемната акциза за дизел горивата. Тоа доведе до покачување на дизелот за 3,54 денари, а во минатата недела дизелот скокна за уште еден денар.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) стапката на сиромаштија е највисока кај најмладите односно кај лицата до 17 години, изнесува 28.6%. Најниска е кај најстарите односно оние над 65 години, изнесува 14.5%. 9% од вработените, 41.1% од невработените и 7.1% од пензионерите се сиромашни.
„Како сиромашни се сметаат лица, семејства и групи на лица чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење во земјата во која живеат”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top