| четврток, 6 декември 2018 |

Распродаден мечот Хрватска – Франција, карти „на црно“ се нудат и за 1 300 евра

Можеби на првиот натпревар од главната фаза на Европското првенство хрватските навивачи комплетно потфрлија против Белорусија, но затоа се искупија против Норвешка.

За одлучувачкиот натпревар на Хрватска за пласман во полуфиналето против Франција во рамки на последното коло од главната фаза, „Загрепска арена“ ќе биде полна. Капацитетот е 15.000 гледачи, а билети веќе нема. Салата е комплетно распродадена, а тоа го потврдуваат и од маркетинг секторот на Европското првенство.

Сепак, билети можат да се најдат на „црно“. На интернет веќе се продаваат од 80 евра до 200 евра, а еден амбициозен препродавач на билети бара 1 300 евра за својот билет.

Наптреварот помеѓу Хрватска и Франција се игра утре со почеток од 20.30 часот.

(извор – Спорт1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top