Премиерлигашот Манчестер Јунајтед втора година по ред ќе заврши на првото место од најбогатите европски клубови за сезоната 2016/2017, според истражувањето на ревизорската куќа „Дилојт“.
Манчестер Јунајтед заработи вкупно 676,3 милиони евра, само 1,7 милиони повеќе од европскиот првак Реал Мадрид, кој дури 11 години беше на врвот на оваа листа.
Минатата сезона, Јунајтед оствари приход од 44 милиони евра на патот кон триумфот во Лигата на Европа.
Третото место е за Барселона со 648.3 милиони, а во Топ10 се и: Баерн Минхен (587.8 милиони), Манчестер Сити (527.7), Арсенал (487.6), Пари Сен Жермен (486.2), Челзи (428) , Ливерпул (424.2) и Јувентус (405.7).
Според податоците на реномирана британска куќа, заработката на 20-те најбогати клубови во Европа порасна за шест отсто и изнесува рекордни 7,9 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст