| четврток, 6 декември 2018 |

Момче од Радишани уценувало девојка која му испратила интимна фотографија

На 22.01.2018 година околу 22.30 минути А.Ф. (26) од Тетово пријавила уцена од Џ.З. (24) од с.Радишани, скопско.

Таа со него во декември минатата година остварила контакт преку социјалната мрежа Инстаграм. а пред извесно време Џ.З. почнал да и се заканува.

Тој и пишувал пораки дека лично и семејно ќе ја уништи, по што побарал да му испрати интимни фотографии.

Плашејќи се за својата безбедност, таа му испратила една фотографија, а Џ.З. и се заканил дека ќе ја објави фотографијата на Фејсбук и дека ќе ја компромитира на различни начини, ако не излезе со него.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top