| четврток, 6 декември 2018 |

Го прегазил, избегал, па се пишманил – несреќа на патот Битола-Прилеп

Околу еден часот по полноќ на патот Битола-Прилеп се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот К.М. од Прилеп, удрило во пешак.

Се работи за 74-годишниот П.И. од Прилеп, кого возачот го прегазил и избегал, но потоа се премислил па се пријавил како учесник во незгодата.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.И. на кој му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top