| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците со револуционерен метод – може да се предвиди умирачката

Научниците од Универзитетот Станфорд развиле систем кој може да предвиди кога пациентите ќе умрат со точност од 90 отсто.

Алгоритамот ја предвидува смртноста на секој пациент во период од 12 месеци, па го користи тоа предвидување за да даде препорака за „палијативна нега“/здравствено, социјално, емотивно.

Иако на прв поглед, делува морничаво, научниците тврдат дека нивното работење би можело значајно да му помогне на пациентот и на неговото семејство, наведува „Дејли мејл“.

Научниците објаснуваат дека постои огромна разлика помеѓу начинот на кој пациентите сакаат да го проживеат остатокот на животот и начинот на кој тоа реално и ќе се случи.

Истражувањето покажува дека 80 отсто Американци сакаат да ги поминат последните денови во сопствениот дом, но дека 60 отсто, на крајот, умираат во болница.

За да ја намалат оваа диспропорција, научниците ги „истренирале“, односно ја пополниле длабоката неурална мрежа со податоците на Електронската здравствена архива од Станфордската болница и Детската болница „Лусил Пикар“ со податоци на два милиони пациенти.

– Успеавме да изградиме предвидлив модел користејќи ги собраните податоци. Самата количина на податоци ни овозможи да изградиме модел на предвидувањето на смртноста врз основа на сите примероци, наместо тоа да се прави по модел за специфичната болест или демографските групи – објаснуваат истражувачите.

За квалитетна „палијативна нега“ не е најбитно точно да се знае од што пациентот умира.

„Нашиот пристап користи „длабоко учење“ – преглед на пациентите примени во болницата и идентификување на оние на кои тој вид на нега најверојатно ќе им биде потребна“, се наведува во студијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top