| четврток, 6 декември 2018 |

Грците најавуваат нов протест за името Македонија, овој пат во Атина

На 4-ти февруари Грците ќе излезат повторно на улиците, но овој пат во Атина.

Грчката престолнина ќе биде местото каде ќе биде организиран нов протест против името Македонија.

Овој протест ќе биде втор годинава, предизвикан од интензивните преговори кои се водат на релација Скопје-Атина за решавање на спорот со името токму кога работите почнаа да се поместуваат од мртва точка.

Протестот кој се одржа во неделата во Солун беше масовен и илјадиници Грци оттаму порачаа „Македонија е Грчка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top