| четврток, 6 декември 2018 |

Светската елита во снег до колена во Давос, градот тотално завеан (видео/фото)

Светската елита пристигнала во Давос. Швајцарскиот град е домаќин на годинешниот Светски економски форум, а како ски-центар, тој секоја година има снег, но оваа година градот е речиси целосно завеан.

Просечната количина на врнежи на снег меѓу 1981. и 2010. година била 468 сантиметри. Меѓутоа, тој број е во константно опаѓање во текот на годините, но во јануари оваа година има најголем просек на паднат снег во последните 10 години.

Бидејќи остануваат уште само осум дена до крајот на јануари, снежната покривка би можела да ја надмине и 2012. година според количината на снег, пишува “Verdict.co.uk”.

Покрај сите великани и политички лидери кои го посетуваат Давос оваа година, и снегот би можел да донесе воодушевување во овој мал град.

Можеби токму снегот ќе ги спречи планираните протести на Зелената партија и швајцарските демократи.

На овие политички групи им е забранет митинг на улиците од страна на организаторите на форумот, поради недостиг на слободен простор за протести, токму поради снегот.

Првобитно било планирано политичките активисти да протестираат против доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба да има завршен говор на форумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top