| четврток, 6 декември 2018 |

„Ја прекинувам турнејата, ми дијагностицираа Паркинсонова болест“

Американскиот музичар Нил Дајмонд објави дека ја прекинува турнејата бидејќи му е откриена Паркинсонова болест.

Дајмонд (76) ги откажа мартовските концерти во Австралија и во Нов Зеланд, извинувајќи им се на сите кои сакале да го чујат во живо.

Како што изјави, тој планира уште долго да пишува, снима и да работи на други проекти.

Нил Дајмонд е член на Куќата на славните на рокендолот, а негови се хитовите „Sweet Caroline”, „America” и „Hello Again”.

Музичарот утре полни 77 години, а во неделата на церемонијата на доделувањето на „Греми“ ќе ја прими наградата за животно дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top