| четврток, 6 декември 2018 |

Реченици кои мажите ги кажуваат кога повеќе не се вљубени – ако ги слушнете знајте дека е незаинтересиран

Ова се некои од речениците кои мажите често ги изговараат кога повеќе не се заинтересирани за вас. Секако, обрнете внимание на ситуацијата, бидејќи некогаш во кавга кажуваме работи кои не сакаме да ги кажеме. Сепак, ако често ги кажува, запрашајте се:

Прави што сакаш – доколку ви го кажува ова, тоа може да значи дека се дистанцира од вас. Не го интересира што ќе направите и не размислува како да го решите проблемот.

Замислуваш – прво запрашајте се дали само си замислувате или имате право. Често мажите за да ги оправдаат своите грешки знаат да речат дека ви си замислувате.

Ако не ти се допаѓа најди си друг – со оваа реченица покажува дека му е сеедно дали ќе бидете со него или не. Ова може да биде и вид уцена со која може да манипулира со вас.

Не ти верувам – ако вашиот партнер не ви верува и покажува сомнежи тоа може да значи и колку е несигурен во себе.

Тоа е твој проблем не мој – саканата личност треба да биде со вас и да ви помага при решавање проблеми, а доколку не сака значи дека не го интересираат вашите грижи ниту вие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top