Патот кон Европската унија води и преку јасно дефинирање на нашите граници, а околу такви прашања можен е и референдум, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на ТВ Хепи.
„Како ќе го решиме прашањето е друга работа. Сакаме да го решиме или не сакаме? Народот секако на некој референдум ќе мора да каже што мисли за тоа“ нагласи Вучиќ.
Српскиот претседател забележал дека францускиот амбасадор изјавил оти е познато дека Србија мора да потпише правно обврзувачки договор со Косово, што пак предвидува дека го има решено прашањето со границата.
„Добро решение нема“ оценува срспкиот претседател, додавајќи дека треба да се обидат да го решат проблемот и покрај тоа што никој не сака да преземе одговорност за последиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст