| четврток, 6 декември 2018 |

Мини Маус доби ѕвезда на Холивудската патека на славните

Мини Маус доби ѕвезда на Холивудската патека на славните.

Пријателката на Мики Маус мораше да почека за признанието повеќе од 40 години од машкиот глушец, објавија американските медиуми.

Двајцата дебитираа на екранот заедно во далечната 1928 година, но поради некоја причина, компанијата „Дизни“, која е нивниот творец, досега не ја номинираше Мини Маус за ѕвезда на патеката.

Формален домаќин беше пејачката Кети Пери, која не пропушти да го нагласи големото задоцнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top