Поп-пејачката Каролина Гочева најавува четири последователни концерти на 23, 24, 25 и 26 февруари во Македонската опера и балет (МОБ) каде што публиката првпат ќе има можност да ги чуе во живо песните од новиот албум „Извор“.
Ваков концертен маратон Каролина имаше пред четири години исто така во МОБ.
На овие концерти Каролина ќе потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.
Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од 24-ти јануари, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.
Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст