Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето со царски рез на родилката која почина во Санте плус во Скопје, објави „НОВА“.
Најверојатно анестезиологот бил таму нелегално, а директорот на ТОАРУЦ, др. Илир Хасани рече дека тој не е информиран за неговиот ангажман таму и не потпишал никаков договор со Санте Плус.
– „Не можел да има договор без да знам, а јас такво нешто не сум потпишал. Ќе покренеме се што е во наша надлежност за да се испита целиот сплет на околности кои довеле до смрт на родилката.“, изјави за НОВА др. Хасани.
За разлика од директорот, од Санте Плус тврдат спротивно, дека анестезиологот имал договор.
Санте Плус упорно тврдат дека родилката била однесена жива во КАРИЛ, а од КАРИЛ се децидни дека таму е однесена почината. Овој случај ја разбранува јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст