| четврток, 6 декември 2018 |

На 14 страници претседателот им образложи на пратениците зошто Законот за јазици е противуставен

На пленарната седница на Собранието, закажана за 29 јануари, пратениците повторно треба да гласаат за Законот за употреба на јазици, откако претходно претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов не го потпиша указот за овој закон.

Иванов истакна дека при носењето на овој закон е злоупотребено европското знаменце за со просто мнозинство да се донесе закон со кој се менуваат системски закони коишто, пак, се носат со двотретинско мнозинство. Во образложението напишано на 14 страници, кое им е доставено на пратениците се наведени сите делови, членови и ставови од Законот за употреба на јазиците кои, според Иванов, го кршат Уставот.

Предлог – законот за употреба на јазиците беше изгласан на 11 јануари и содржи 25 члена. Во писмото од Иванов, 19 членови од овој закон се наведени како противуставни. Ако биде изгласан и вторпат, без измени, претседателот нема право на вето.

Вето: 19 противуставни членови на Законот за употреба на јазиците (ДОКУМЕНТИ)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top