Пикерот на македонската ракометна репрезентација Столе Стоилот истакна дека во репрезентацијата играат доста искусни играчи кои можат да го понесат товарот на утрешниот натпревар со Чешка и покрај тоа што Кире Лазаров нема да игра.
-Знаеме што не очекува. Не е исто ако не игра Кире, но и ако не игра, екипата е подготвена да го понесе тој товар. Има тука искусни играчи, играчи кои биле на европски првенства и мислам дека можеме да го понесеме тој товар. Мислам дека имаме реални шанси со Чешка, вели Стоилов.
Тој потенцираше дека мора заеднички да се борат и да се врати победничкиот дух за да се победи Чешка.
– Чешка сега ни е во фокусот. Тој меч ни е како финале и треба да се подготвиме, да го вратиме тој дух што не красеше во првата рунда. Мора да играме подобро во одбрана, да се враќаме, да се бориме – тоа ни е шансата, додаде Стоилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст