| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ ја нарече Македонија Скопје?

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ во интервју за Радио Телевизија Војводина изјави дека доколку условот за влез на Србија во ЕУ е признавање на Косово, тогаш тоа е бајка.

Зборувајќи за името Македонија, тој кажа дека станува збор за интереси и наведе дека „Скопје го призна Косово и гласаше за членство на Косово во УНЕСКО, додека Грција е пријателска земја која не го признава Косово“.

„Ако некој и дава предност на Приштина во однос на Белград, тоа претставува политичка порака“- рече Дачиќ.

Во тој контекст тој кажа и дека западните земји кога говорат за решение на кризата со Косово, мислат на тоа да се прифати и признае независноста.

Ова не е прв пат Дачиќ да упати вакви пораки кон Македонија. Тој минатата година најави дека е можно да го разгледаат својот став за признавање на Македонија под уставното име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top