Младата мајка Милена Стојаковиќ (26), професионален војник од селото Пејовац кај Житораѓа, ја одвела ќерка си Јана на прошетка, а потоа со кујнски нож ја искасапила. Со истиот нож се обидела да се самоубие, но ја спречиле мајка ѝ и баба ѝ во последен миг. Сепак, срцето на Милена не издржало, била најдена мрва во Специјалната затворска болница во Белград два месеци по злосторството.
По кратка вонбрачна врска со колега од работа М.Т. (26) Милена останала бремена со малата Јана. По свршувачката живееле со родителите на момчето во Прокупле. Таа имала навика да заминува кај родителите на село и пред да се роди бебето, а на сопругот му велела дека проблемот е во неа. Сепак, кога се родила Јана, заминала и веќе не се вратила.
-Шест месеци не ми дозволуваше да ја видам, па бара од судот да им овозможи да си го видам детето. Последен пат го видов детето една недела пред трагедијата. На моите родители не им беа јасни испадите на Милена, но беа во многу добри односи со сватовите. Нејзините постојано ја враќаа, но попусто, раскажува неутешниот татко.
Милена ја избола Јана до смрт во стомакот, а потоа со истиот нож се обидела и да се самоубие. Јана починала на самото место, а Маилена со убоди во вратот, стомакот, рацете и по нозете била префрлена во Ургентен центар, а потоа на Невропсихијатрија.
Мајка ѝ и баба ѝ ја пречиле да се самоубие, зашто влетале во собата во која живеела Милена откако се вратила со Јана штом го слушнале бебето како вреска.
-Пред убиството Милена излегла на прошетка со Јана, а кога се вратиле дома, ја качила на спратот. Од кујната понела поголем нож, а потоа го спуштила детето на кревет и го бодела додека не снеможала, раскажуват соседите.
Милена била пронајдена мртва непосредно пред повикот за судење. Причина за смртта била откажување на срцето предизвикано од слабост на срцевиот мускул. Исклучена е можноста за самоубство, зашто на телото немало видливи траги на насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст