| четврток, 6 декември 2018 |

Финансирањето на Владата на САД одблокирано до 8 февруари

Американскиот Сенат денеска со 81 гласови „за“ и 18 „против“ го одобри привремено финансирање на сојузната влада.

Одлуката беше усвоена откака лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, неочекувано предложи гласање за привремено финансирање до 8 февруари, под услов дотогаш да завршат преговорите за спорните прашања.

До тој датум треба да се донесе консензуално решение за програмата за одлагање на дејството на Законот за депортација на децата мигранти – ДАКА, за имигрантите, за зајакнување на границата со Мексико, за социјалните програми и помош на настраданите од ланските урагани и за кризата со зависност од опијати.

Првпат во историјата на САД се случува блокирање на финансирањето на владата кога една партија ја има контролата над извршната и законодавна власт – Белата куќа и двата дома на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом.

Пред да започне гласањето, Шумер се обрати пред сенаторите и порача до своите сопартијци демократи да гласаат „за“.

– Тридневното блокирање беше предизвикано од непостоењето волја кај претседателот Доналд Трамп да преговара со демократите за низа важни прашања – изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top