| четврток, 6 декември 2018 |

Франција преку Србија стигна во полуфиналето

Франција е првата репрезентација која обезбеди полуфинале на Европското ракометно првенство што се одржува во Хрватска. Во Загреб рутинирано го совлада аутсајдерот Србија со 39:30 во втората рунда натпревари од Главната фаза и се зацврсти на првата позиција во Групата 1. Го запиша вториот триумф или вкупно петти од исто толку натпревари со кој остана единствената репрезентација без пораз на континенталниот собир.

Лука Карабатиќ со седум погодоци беше прв стрелец кај Франција и на крајот беше прогласен за играч на натпреварот. Него го пратеше Рафаел Кошето со ист број погодоци. По четири запишаа Кентин Мае и Никола Карабатиќ, кој го одигра 57 меч за својата репрезентација на Европските првенства и се израмни со селекторот Дидие Динар. Во поразената репрезентација Немања Зеленовиќ беше прв стрелец со седум погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top