Четири богати гробови со пајонски бронзи од железно време открија археолозите на некрополата Лисичин Дол на археолошкиот локалитет Исар, кај валандовското село Марвинци, пишува „Дневник“. Фантастичните бронзени предмети – афионови чашки, сончеви дискови, птици, животни слични на коњи и елени, различни висулци и разводници, ѓердани што жителите на овие простори ги создале меѓу 8 и 6 век пред новата ера се слични на тие пронајдени во 1997 година, кога на иста локација археолозите го открија фамозниот гроб на пајонската свештеничка. Во „новите“ гробови не биле погребани свештенички, но тие се исто толку богати.
Археолозите истражуваат на Лисичин Дол два и пол месеца. До минатата недела им беше погодено времето – нема многу сонце, а ветрот брише по голото брдо каде што има грмушки. Тимот го предводи археологот Златко Видески, виш кустос од Музејот на Македонија. Овој човек има среќа со пајонските бронзи, како да ги намирисува. Токму тој пред 16 години го „погоди“ местото каде што многу векови почивала свештеничката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.