| четврток, 6 декември 2018 |

Снежно невреме во Србија, завеани села, нема струја (фото)

Снежно невреме ја зафати западна Србија.

Обилни врнежи од снег во последните 24 часа наврнаа во делови од Србија, па повеќе села се отсечени од светот, а некаде нема ни струја.

Снегот предизвика проблеми на подрачјето на општина Ивањица, Чачак и Сјеница.

Без струја се планинсите села, затоа што влажниот снег од тежината ги искинал жиците за довод на струја.

Патиштата се чистат, но некаде поради непристапниот терен не може да бидат исчистени селските патишта.

Висината на снежната покривка е 5 до 7 см, во ридските предели до 15 см, а до 20 см на планинските места.

Ноќеска ветрот дувал со брзина од 50 км/ч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top