| четврток, 6 декември 2018 |

АМСМ: Внимателно возење по повисоките планински патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, a претежно суви коловози се бележат само во јужните делови од државата, информираат попладнево од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Како што соопштуваат оттаму остатоци од кашест снег, по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат, има на повисоките планински места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top