Претседателот Ѓорге Иванов оствари средба со бугарскиот амбасадор во земјава, Иван Петков, кој ги претстави приоритетите и програмата на бугарското Претседателство со Советот на Европската унија во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 година.
-На средбата претседателот Иванов посака успешно спроведување на програмата на бугарското претседателство и успех во реализацијата на приоритетите. Македонскиот претседател изрази задоволство што меѓу главните приоритети на бугарското претседателство е европската перспектива на регионот. Зголемениот интерес на ЕУ за регионот, според претседателот Иванов, укажува на тоа дека постои позитивна политичка клима за проширувањето на ЕУ, што е исклучително важно како за Македонија така и за целиот регион.Претседателството на Република Бугарија е одлична шанса за искористување на оваа позитивна политичка клима, соопшти кабинетот на претседателот.
Иванов изрази очекување дека Бугарија ќе даде силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори на земјава со ЕУ. „Македонија очекува натамошно динамизирање на интегративните процеси. Перспективата за членство во Европската унија е наша единствена гаранција за стабилност, сигурност и просперитет. Одложувањето на почетокот на преговорите се покажа како непродуктивен пристап – делува демотивирачки, создава фрустрации и тензии во нашето општество“, рече Иванов на средбата.
Македонскиот претседател изрази надеж дека двете земји ќе продолжат да соработуваат на промоција на заедничките интереси во регионот и да го одржат позитивниот напредок во билатералната соработка што е остварен во изминатиот период. „Република Македонија како и досега така и во иднина ќе настојува да гради и развива здрави, добрососедски односи со Република Бугарија врз основа на меѓусебно почитување, искреност, взаемна доверба и рамноправност“, рече претседателот Иванов на средбата со бугарскиот амбасадор, Иван Петков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


