| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот на Карлеуша за својот другар: Не можам да поверувам дека го нема

 

– Изненаден сум и тешко ми е. Бевме добри пријатели, се знаеме од одамна. Заедно ја започнавме својата кариера. Потоа, животот не раздвои, но не можам да поверувам дека го нема, изјавил сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ по денешната вест дека неговиот добар другар си го одземал животот.

Тој бил многу потресен од веста за самоубиството на фудбалерот Бојан Периќ, кој со пушка си пукал во главата поради наводни долгови.

Тој додал дека Бојан има ќерка и сопруга и навистина жали за трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top