| четврток, 6 декември 2018 |

Сензација во Мелбурн: Кореецот Чунг го елиминира Ѓоковиќ!

Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран од натамошните настапи на Австралија Опен.

Ѓоковиќ во осминафиналето играше против Хјон Чунг и важеше за апсолутен фаворит во мечот, но тенисерот од Јужна Кореја одигра фантастичен натпревар и дојде до најголемата победа во кариерата, славејќи со 3-0 во сетови.

Минатата година во Австралија Ѓоковиќ со 3-0 во сетови го разби Чунг, но денеска сликата беше сосема поинаква. Ѓоковиќ се мачеше, не беше во свој елемент, а Чунг беше растрчан и исклучително разигран.

Маестралниот Чунг продолжува да ја живее својата тениска бајка, а во четвртфиналето, кое патем е прво за еден Кореец, ќе игра против уште една сензација, Тенус Сандгрен, кој претходно го елиминираше Доминик Тием.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top