Поетот, литературен критичар и универзитетски професор Веле Смилевски е избран за члена на Руската академија на науките и уметностите. Во одлуката на Рукста академија, потпишана од претседателот на Академијата, Виктор Никеров, се наведува дека изборот е извршен врз основа на достигнувањата и заслугите во областа на литературата и уметничката критика, како и за придонесот на Веле Смилевски во развивањето на македонско-руските културни врски“.
Веле Смилевски бил руски стипендист на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва. Предмет на неговите истражувања биле методите на руската формалистичка школа, оригиналните ракописи од заоставината на македонскиот поет Рајко Жинзифов, како и темата Македонија во делото на познатиот руски публицист, научник и политичар Павел Милјуков.
Учествувал на меѓународните научни конференции посветени на руската литература одржани во Москва, Охрид и во Софија. Смилевски е добитник на орденот „Сергеј Есенин“, што го доделува Московската организација на Сојузот на писателите на Русија. Ова признание македонскиот поет го доби за стихозбирката „Забранета книга“, објавена на руски јазик во издание на издавачката куќа „У Никитих ворот“ од Москва. Оваа стихозбирка се појави минатата година во препев на Олга Панкина, а со предговор на академик Ала Шешкен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.