| четврток, 6 декември 2018 |

Две бомби експлодирале во шопнг-центар во Флорида

Две импровизирани експлозивни направи биле детонирани во трговскиот центар во Лејк Велс во Флорида, јавува „Еј-би-си њуз“. За среќа, никој не е повреден. Трговскиот центар бил итно евакуиран по екплозијата, а засега не е познато дали се работи за обид за терористички напад или станува збор за нешто друго.

Пожарникарите и полицијата први пристигнале на местото на настанот. Било утврдено дека експлодирале две импровизирани бомби, а потоа тим за експлозиви пронашол и ранец кој содржел пет или шест други бомби кои не биле детонирани.

Полицијата трага по можен извршител кој од неколку сведоци бил опишан како „средовечен белец со крупна градба, во сива маица и со сива капа”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top