| четврток, 6 декември 2018 |

Почна второто полугодие во училиштата

По три недели одмор, околу 270 илјади средношколци и основци се враќаат во ученичките клупи.
Министерството за образование и наука за време на распустот соопшти дел од промените во наставните планови и програми за следната генерација првоодделенци.

Тие предложија намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри и вежбање на часовите, наместо домашни задачи, како и редуцирање на тестовите.

Со примена на новите мерки ќе се започне од следната учебна година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top