По Лудвигсбург и Љубљана, најновиот проект со музика од Македонија, насловен „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите ја освои публиката и во, според многумина, најпрестижната светска сала за камерна музика, лондонскиот Вигмор Хол, која беше исполнета до последното место, соопштија од „КултурОп прес“.
Во изјавата за „Македонско радио“, Трпчески не го криеше задоволството од приемот токму во салата во која го имаше и своето меѓународно деби и токму во сезоната во која тој е резидентен артист со три различни концертни програми во Вигмор Хол: „Токму синоќешниот (21 јануари) беше мој прв настап во оваа календарска година и мина фантастично. Проектот што го нареков „Македонисимо“, односно „ептен македонско“ и му го посветив на мојот македонски народ; и на пребирливата, не само британска публика и’ ја претстави оваа нова димензија на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов. Со оваа изведба тој на свој начин одбележа 20 години од својот творечки период минат токму во Велика Британија, каде што живее, твори и предава. И овој пат, покрај мене настапија и Александар Краповски на виолина (работи во Операта во Барселона), Александар Сомов од Бугарија на виолончело (водач на челисти во Стразбуршката филхармонија,Франција), потоа на кларинет, саксофон и на кавал специјално Хидан Мамудов од Штип (кој живее и работи во Виена), а зад удиралките застана мојот колега од оркестарот на Македонската опера и балет, Влатко Нушев. Драго ми е што обезбедив и можност за квалитетна снимка на „Македонисимо“. Искрено се радувам за убавиот прием и стоечките овации и едвај чекам проектот да се изведе и на другите дестинации низ светот каде што се надевам дека ќе успеам да го претставам“ – вели Трпчески.
Како следни, тој ги најави концертните изведби на „Македонисимо“ и во Полска, Франција, Бугарија, Холандија и повторно Велика Британија.
Во меѓувреме, нашиот пијанист од светски глас кој од неодамна е ексклузивец на германскиот менаџмент КДС („Концертдиректион Шмид“ е еден од водечките европски менаџменти со седишта во Берлин, Хановер и Лондон), веќе во петок настапува во финската престолнина како солист на Хелсиншкиот филхармониски оркестар во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Ф. Лист, а под диригентската палка на неговиот добар познаник Алан Бурибаев од Казахстан. Потоа следат двата рецитала во Шангај и Пекинг, Кина, како и во Острава во Чешка, но и враќањето со 4 концерти на матичната сцена на Симфонискиот оркестар на Сан Франциско во март.
Македонската амбасада во Обединетото кралство претконцертно организираше прием во Вигмор Хол во чест на британската премиера на „Македонисимо“.
Македонскиот изведувачки тим преводен од Трпчески во петокот гостуваше во живо во легендарната радио емисија “In Tune” („Во мелодија“) на харизматичниот водител Шон Раферти, на Радио Би Би Си 3, изведувајќи фрагменти од „Македонисимо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст