Тешко прво полувреме за македонската репрезентација против Шпанија. Избраниците на Раул Гонзалез имаат негатива од која не треба да не плаши. Противникот на дело покажа зошто е еден од главните фаворити за освојување на титулата. Во првите 15. минути нашите момци тешко играа во нападот, патот до мрежата беше речиси непроодлив, постигнавме само два гола, истите од седмерец. Шпанците ја користеа нашата збунетост, со брзи напади лесно ја билдаа позитивата. Грешевме, премногу грешевме, до овој дел од мечот имаме 11 загубени топки.
Единствена светла точка засега во нашиот табор е Борко Ристовски со шест одбрани. Згора на се во 12. минута останавме без капитенот, Кире Лазаров кој се повреди, колку е сериозно засега немаме информации.
Во нападот тргнавме со 7-6, исто како против Германија, но тешко го пронаоѓавме патот до голот на противникот, кој пак имаше лесен старт. Шпанија отвори со серија 3-0, нам ни беа потребни седум минути за да го постигнеме првиот погодок. Тоа го стори капитенот, Кирил Лазаров, од седум метри намали на 3-1. Сепак „црвената фурија“ врати со два гола за највисоки 5-1 во осмата минита. Ваквата игра го принуди Раул Гонзалез да повика тајм-аут. Не вроди плод, Шпанците билдаа разлика, во 10. минута беше 6-1.
Вториот гол го дадовме во 12. минута и повторно од седум метри, овој пат стрелец беше Дејан Манасков, капитенот се пожали на повреда. Ристовски со својата одбрана и „фалангата“ на трибините се обидуваа да ги вратат нашите момци во игра. Нашиот голман имаше три интервенции во серија, но ни тоа не беше доволно, Шпанија повторно се искачи на 7-2 во 15. минута.
Првиот гол од игра го постигнавме токму на средината на првото полувреме, Манасков намали на 7-3, а по пробивањето на противникот Стоилов со својот прв погодок намаи на 7-3. Во последниот гол го дадовме во 19. минута а потоа не ја допревме мрежата на Шпанија. Пред крајот на полувремето негаитвата дојде на плус 10, среќа Столе даде гол па падна на 6-15.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст