
Многу сум разочаран, бидејќи по 25 години расправии за името на Скопје ние сме на истата позиција. Психологијата, односот на многу грчки граѓани не се сменија. Проблемот е што луѓето мислат дека Македонија ќе ни го одземе идентитетот. Никој тоа нема да го направи. Тие не се закана за нас, изјави градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис по денешниот протест во градот против правото на Република Македонија да го користи терминот „Македонија” во своето име.
Митингот беше организиран од неколку националистички формации, вклучувајќи ја и неонацистичката Златна Зора. Според полицијата, околу 30.000 луѓе учествувале на митингот. Бутарис денска се огради од овие протести.
„Луѓето се многу слабо информирани, си вообразуваат разни работи, не е вистина дека некој ќе ни ја украде историјата, ќе ни ја земе историјата. Тоа не е закана за нас“, вели Бутарис во изјава за БТВ. Градоначалникот Бутарис има една од поважните улоги во разговорите меѓу властите во Скопје и Атина за името, јави БГНЕС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


