| четврток, 6 декември 2018 |

Во Вараждин ќе има дефиле на европскиот првак Вардар

На теренот во Вараждин ќе истрчаат голем број од играчите кои минатото лето станаа европски прваци со Вардар

Многу актуелни европски прваци ќе се појават вечерва во салата во Вараждин. Што се однесува до репрезентативно ниво, Германија го има приматот, но на клупски план тоа е Вардар. Македонскиот шампион веќе е во рамките на европските гиганти, а сега е во улога и на актуелен европски клупски владетел.

Што се однесува до ЕП во Хрватска, вечерашниот дуел во Вараждин едноставно ќе биде дефиле на ракометари кои се радуваа на трофејот освоен минатото лето, на фајнл-фор турнирот во Келн.

Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов, заедно со десното крило Мартин Поповски како и селекторот Раул Гонзалез ќе ги бранат боите на македонскиот национален тим. Како ривали од спротивната страна ќе бидат Хоан Кањелјас и Алекс Душебаев се шпанските репрезентативци кои минатото лето се радуваа во дресот на Вардар и станаа европски прваци, а сега ќе бидат наши противници. Од шпанската колонија во Вардар се уште и Хорхе Македа и Арпад Штербик, но овоие двајца не се дел од „црвената фурија“ во Хрватска.

Сигурно дека клупските прваци и од едната и од другата страна, мечтаат да се радуваат на континенталниот трон и со националните селекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top