
Во вторник Владата повторно ќе се задолжи на домашниот пазар. Планираната сума е речиси 24 милиони евра . На аукцијата на домашните кредитори ќе им бидат понудени две 15 годишни обврзници во вредност од 8 милиони евра и едногодишни записи од околу 10 милиони евра.
Ова ќе биде второ задолжување на домашниот пазар годинава откако на почетокот на месецот по основ на државни хартии од вредност државата запиша 73,7 милиони евра. Парите повторно ќе се користат за покривање на долговите кои доспеаваат во следниот период, велат од финансии.
Освен задолжувањето дома, државата не го намалува ни надворешното финансирање. На странскиот пазар се задолжи за половина милијарда евра. Новата еврообврзиница првиот финансиер ја правдаше со историски најниската каматна стапка од 2,75 отсто.
Тевдовски изјави дека парите од еврообврзницата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, повисоки плати во образованието здравството и армијата. Дел ќе се трошат за покривање на стари дологови и капитални инвестиции. На ова реагираа и од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Тие сметат дека власта нема да ги користи парите за проекти од кои корист ќе имаат граѓаните.
Дел од бизнисмените се изјаснија дека задолжувањето е оправдано само ако парите се трошат на капитални проекти. Побараа подобрување на инфраструктурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


