| четврток, 6 декември 2018 |

Драгана Мирковиќ го прослави својот 50-ти роденден на гламурозен начин

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ вчера на гламурозн начин го прослави својот 50-ти роденден. На прославата на нејзиниот 50-ти роденден било присутно нејзиното семејство , но и многу нејзини пријатели од естрадата. Целата прослава била во престижен хотел во Виена, а целата забава ја организирал нејзиниот сопруг Тони.

Помеѓу гостите како што напоменавме освен семејството биле и нејзините колеги Фелицијано, Ана Бекута, Бобан Рајовиќ, Даниел Ѓокиќ, Дими, дизајнерот Бата Спасојевиќ кој што бил задолжен и за преубавиот фустан кој што го носела Драгана на забавата.

Желбата на Тони беше да се организира оваа забава, затоа што тоа е еден голем јубилеј, на мене остана само да уживам во денот опкружена со луѓето што ги сакам. Им благодарам на сите што дојдоа и ми го разубавија денот, оваа прослава ќе ја паметам додека сум жива. – изјавила Драгана која што покрај убавите желби добила и убави поклони.

Драгана од претставниците за Мерцедес во Германија на поклон добила “МcLaren SLR” кој што има и специјални персонилизирани таблици на кои што пишува “DM 50“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top