Познатиот акробат Ник Валенда викендов успешно го реализираше својот најголем предизвик преминувајќи го Големиот Кањон во Аризона, САД, одејќи по жица на висина од 450 метри. Подвигот траеше речиси 23 минути, а за сето тоа време Валенда се бореше со силниот ветер кој беше посилен од што се претпоставуваше. Сепак, на крајот успеа во реализацијата на целта.
Немате поим колку ме болат рацете, изјави 34-годишниот Ник Валенда по преминувањето од другата страна на Големиот Кањон одејќи по жица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


