| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца потешко и тројца полесно повредени во сообраќајка на излезот од Пробиштип

Две лица се потешко повредени во сообраќајната незгода што се случи вчера во 16,25 часот на ул. „Миро Барага“ во близина на излезот од Пробиштип. Се судриле атничко моторно возило „Опел Мерива“ со кочански регистерски таблици управувано од Д.Н. (32) од Кочани и патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со струшки регистерски таблици управувано од К.Д. (53) од Пробиштип.

Од страна на Територијалната противпожарна едниница-Пробиштип било интервенирано и од возилото „Сеад Толедо“ биле извлечени возачот К.Д. кој што заедно со еден од неговите сопатници Г.Д. се здобиле со тешки телесни повреди, а другите двајца сопатници А.Д. и С.Д. се здобиле со телесни повреди.

Исто така со телесни повреди се здобил и возачот на “опел-от“ Д.Н. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top