| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата со солзавец спречила физичка пресметка на Грци со Македонци на протест во Мелбурн (видео)

Грчка организација во Мелбурн вчера организирала протест под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“. На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2000 луѓе.

За време на протестот група Македонци седеле во непосредна близина на Грчкиот конзулат. Откако ги забележале демонстрантите настанала вербална и физичка пресметка. Веднаш интервенирала полицијата и за кратко време тензиите се смириле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top