| четврток, 6 декември 2018 |

Алексис Санчез вмешан во скандал: На студентка и нудел пари за секс

Алексис Санчез ќе влезе во нова ера во својата кариера откако во скоро време треба да се официјализира неговиот трансфер во Манчестер јунајтед, но утрово англискиот таблоид „Сан“ објави секс-скандал поврзан со фудбалерот.

Студентка од Полска по име Паулина Собиерајска го обвини Чилеанецот дека и нудел пари за секс. Тој ја завел 20-годишната девојка и откако ја однел во својата куќа ја прашал колку пари сака за да имаат секс. Тој и понудил 1.000 фунти, но Собиерајска одбила. Девојката мислела дека намерите на Санчез се тие да имаат нормална љубовна врска.

Таа на таблоидот му ги испратила и сите пораки кои Санчез и ги испраќал за да ја докаже нивната врска. Инаку Алексис Санчез е во врска со актерката Мајте Родригез, но по овој скандал веројатно за кратко ќе биде сингл.

Сигурно дека ова не е почеток за кој Чилеанецот сонуваше откако го договори трансферот во Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top