| четврток, 6 декември 2018 |

Среде ЕП Македонија останува без тренер

На последните два натпревари од главната фаза на ЕП во Хрватска репрезентацијата на Македонија ќе биде без еден тренер во стручниот штаб. Шпанецот Гарсија Парондо заминува од Вараждин и нема да биде дел од репрезентацијата на следните два натпревари, против Чешка и Данска.

Парондо мора да се врати во Скопје каде има задача да продолжи со подготовката на ракометарките на Вардар за натпреварот од лигата на шампионите против Меч. Таа средба се игра во сабота во Скопје, а „црвено-црните“ во комплетен состав ќе имаа неколку денови за подготовка. Вардар е домаќин на третиот турнир од ВРХЛ лигата, и денеска во Скопје играат со Крим. Претходно Вардар го победи Будуќност со 31-24.

Во стручниот штаб на Македонија засега се Александар Царчев и Милчо Чакарески. На натпреварите седат на клупата Гонзалес, Парондо и Чакарески, а сега веројатно ќе се приклучи и Царчев.

Шпанскиот тренер работи заедно со Раул Гонзалес откако овој ја презеде репрезентацијата на Македонија, а од оваа сезона е заедно и сo Ирина Диброва во женскиот тим на Вардар. „Црвено-црните“ се единствен тим што сезонава нема пораз во ЛШ и со максимални 8 бода ги продолжуваат натпреварите во главната фаза.

Денеска нашите момци го играат натпреварот против Шпанија на ЕП во Хрватска и тој може да покаже колку сме блиску до задржување на едно од првите две места во групата што би значеле борба за полуфинале. Дури и еден бод не одржува во игра, па дури и пораз. Но, бодови против Шпанците ќе значат и остварување на желбите.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра денеска со почеток во 20,30 часот.

Извор: Ракомет24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top